Машката ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Орадеа, Романија каде ќе учествува на Меѓународниот турнир, Трофеј Карпати.

Трофејот Карпати е последниот тест за репрезентацијата пред квалификациските натпревари со Естонија и Босна и Херцеговина, кои треба да се одиграат на 27 и 31 октомври.

Прв противник ќе биде домаќинот Романија вечерва од 19 часот,  потоа на 22 и 23 октомври противници на „црвено-жолтите“ ракометари ќе бидат националните тимови на Тунис и Белорусија.

OhridNews