Чешките медиуми селекцијата на Македонија ја сврстуваат во редот на аутсајдерите. Чешкиот веб-портал sport.cz ја пренесува изјавата на селекторот на националниот тим кој вели дека е задоволен од ждрепката.


– Јас сум многу среќен и мислам дека можевме да добиmе уште подобра група доколку ја добиевме Норвешка. Во групата се силни тимови како Германија и Шведска, за Македонија самиот пласман на Европското првенство е голем успех. Имаме обврска да ја победиме Македонија и со уште една победа да се пласираме во понатамошната фаза -вели тренерот на националната селекција Мартин Липтак.

Чешкиот тим кој е предводен од најдобриот играч во светот за минатата година, Филип Јиха на минатото СП во Австрија ремизираше со Германија.

Весникот сепак наведува дека Македонија има ракометар од светски калибар во името на Кирил Лазаров.

М.П.