Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на континеталниот самит кој наредната година од 15 до 29 јануари ќе се игра во Србија.


Репрезентацијата на Унгарија во претпоследниот натпревар во нашата група ја совлада Естонија 34-27.

На избраниците на Шундовски им преостанува уште еден меч за играње кој сепак нема да донесе никаква промена на врвот на табелата.

Учесници на ЕП се: Србија, како домаќин,
Франција како европски шампион, Унгарија, Македонија, Хрватска, Полска,
Словачка, Шведска, Норвешка, Данска, Русија.