Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров поради повреда ќе го пропушти двомечот со лидерот во нашата квалификациска група Унгарија. Повредата на ногата на мечот во Лигата на Шампиони го оддалечи шест недели надвор од терените.


– Решавачките натпревари ќе ги играме во јуни, а тоа се против Естонија на гости и против БиХ дома. Тоа, сепак, не значи дека нема да одиме на победа и против Унгарија во Скопје пред своја публика и без Лазаров – вели Шундовски.

Собирот на репрезентативците е закажан за 4 март, а интернационалците се очекува да пристигнат на 7 март, два дена пред дуелот со Унгарија во Скопје.

Македонија во овие евроквалификации за ЕП во Србија 2012 е во првата група и моментно е втора со три бода. Води Унгарија со четири, Босна е трета со еден, а Естонија е без бодови.-