Последно пласирана со три порази во исто толку натпревари македонската кошаркарска репрезентација ги заврши натпреварите на  турнирот “Нелсон Мендела форум“ во Фиренца, Италија.


Во третото коло претпрепевме пораз од Полска со 63-53. Најпрецизен во нашиот тим беше капитенот Антиќ кој уфрли 19 поени.

На крајот од месецов Македонија ќе биде
домаќин и на турнирот „Трофеј на Македонија“, а на кој, покрај нашата
селекција, треба да учествуваат селекциите на Брегот на Слоновата Коска,
Катар и на Црна Гора.

М.П.