Македонската ракометна репрезентација без селекторот Раул Гонзалез и со четири ракометари ги започна подготовките за престојниот континентален собир во Хрватска.

Тренинзите до доаѓањето на Раул Гонзалез ќе ги води неговиот заменик Роберто Гарсија Парондо кој од ден на ден ќе има се повеќе ракометари на располагање.

Финалните подготовки за Европското првенство во Хрватска најдобрата македонска селекција ќе ги започне на 25-26 декември кога речиси сите ракометари и Раул Гонзалез ќе пристигнат во Скопје.

Македонија во групата на ЕП се наоѓа со бранителот на трофејот Германија, Словенија и Црна Гора. Континенталниот собир започнува на 12 јануари.

Фото: Гол.мк
OhridNews