Македонската ватерполо репрезентација го освои бронзениот медал на Универзијадата во Шенжен , Кина.


Нашите ватеролисти во малото финале ја совладаа селекцијата на САД со 10-7 (4-1),3-2,1-1, 2-3). Избраниците на селекторот Латковиќ победата ја осигураа во првиот период кој го добија со 4-1, Мишиќ и Калиниќ постигнаа по 3 погодоци, Ранџиќ 2, Цирковиќ и Петровиќ по 1.

Златниот медал и припадна на селекцијата на Србија која во финалето со 11-8 ја совлада репрезентацијата на Русија.

Ohridnews