По три годишна работа на мешовитиот експертски тим составен од преставници од Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за транспорт и врски, Агенција за планирање на просторот, Комората на овластени архитекти и овластени инжинери, Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, ЗЕЛС, Катедрата за геодезија при Градежниот факултет, како и конзорциумот од фирми предводен од ИНС -Скопје, изведувачи на софтверското решение, Македонија доби Графички регистар на градежно земјиште.
Главна цел на Графичкиот Регистер на градежно земјиште е транспарентноста, точноста, ефикасноста во донесувањето на урбанистичките планови, целосна реализација на градежните парцели, брзо и ефикасно издавање на податоци за градежните парцелиа со сето тоа се очекуваат инови инвестиции во грежништвото.
Графички регистар за градежно земјиште, меѓу другото, овозможува унифициран и стандардизиран начин на планирање и складирање на урбанистичките планови во Графичкиот регистар на градежно земјиште, во секоја фаза од донесувањето на планот овозможува дигитален преклоп на урбанистичкиот со катастарскиот план и утврдување на сопственоста на земјиштето што е предмет на урбанизација, транспарентен преглед на локациите каде има донесено урбанистички план и урбанистичко планска документација, обезбедува податоци за вкупното градежно земјиште во Република Македонија иинформации што е предвидено да се гради.
Користа за општините од Графички регистар за градежно земјиште се: Увид во спроведливоста на планот, ГИС портал за визуелен увид (на мапа) на урбанистичката планска документација, како и увид на нумеричките податоци и условите за градба, Историјат на урбанистички промени во својата општина, Извод од графичкиот регистар, просторни и статистички анализи за урбанистичките показатели за својата општина, Следење на реализација на урбанистичките планови.
Бенефитот за граѓаните и на катастарот од Графички регистар за градежно земјиште се брзата, ефикасна и бесплатна промена на катастарска култура од земјоделско во градежно земјиште за цел план, со што се намалуваат трошоците на граѓаните и правните лица, брзо формирање на катастарски парцели врз основа на градежни парцели за цел план или дел од планот, брзо и ефикасно издавање на мислења во постапките за донесување на Урбанистички планови со визуализација на тополошките грешки и навлегувања во сопственостите,издавање на извод со векторски податоци од Графичкиот регистер веднаш на шалтер, преку е-шалтер или дистрибутивниот систем на катастарот, можност секој граѓанин да види што е предвидено да се гради на неговата парцела, по вид, намена, висина итн.
Започнувајќи од денес овој регистер е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на простор, општините и геодетите, а од јуни ќе биде достапен и за граѓаните и бизнис заедницата. До овој момент во Регистарот се внесени 477 Урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставени од општините.
OhridNews