Чешка, Шведска и  Германија се противниците на Македонија на континеталниот самит што од 15 до 29 јануари ќе се одигра во Србија.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во Ниш, во салата Чаир која има капацитет од 4000 гледачи.

Група А : Србија, Словачка, Данска, Полска (Белград)

Група Б: Македонија, Чешка, Шведска и Германија (Ниш)

Група Ц : Унгарија, Русија, Шпанија и Франција (Нови Сад)

Група Д : Хрватска , Словенија, Исланд, Норвешка (Вршац)

Првите три селекции од секоја од четирите групи обезбедуваат пласман во втората фаза. Ако Македонија успее да ја помине првата фаза, тогаш натпреварите ќе ги продолжи во Белград.

Ohridnews