Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот доби Сребрена плакета за нов квалитет во туризмот, во рамки на интернационалниот саем за Winter & Spa туризам кој на 23-ти до 24-ти октомври се одржуваше во Нови Сад, Србија.

-Наградата го потврдува успешното промовирање на македонскиот туристички производ и Македонија како нова и атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, нудејќи им на светските туристи искуство кое ги спојува различните туристички сегменти од култура и историја до активности во природа, како и промовирање на Македонија како зимска дестинација и развивање на ски и бањски туризам, велат од АППТ.

Оттаму информираа дека за време на саемот биле остварени средби со бројни учесници во туристичкиот промет како и со новинари и медиумски куќи, со кои биле  договорени идни промотивни активности.

Интернационалниот саем Winter & Spa туризам е во организација на „Туристичка призма“.

OhridNews