Европскиот атлетски конгрес во 2013 ќе се одржи во Скопје. Ваквата одлука беше донесена по успешната презентација на кандидатурата на Атлетска федерација на Македонија, на 22 конгрес на Европската атлетска асоцијација одржан во Лондон.

Ние сме среќни што овој значаен европски атлетски настан ќе се одржи во Скопје. Уверени сме дека конгресот ќе успее – рече претседателот на ЕАА, Хансјорг Вирц.

На еднодневниот настан ќе присуствуваат сите европски атлетски организации со свои претставници. Се очекува да учествуваат повеќе од 200 делегати од 50 земји.

Конгресот ќе биде одлична можност македонската атлетика и држава да се промовираат пред спортските икони на Европа и на светот – истакна Иван Цветкоски, член на ИО на АФМ.

М.П.