Македонската женска ракометна репрезентација избори пласман на европското првенство во Холандија. Избраничките на Гино Стрезовски во последниот меч ја совлада Турција со 26-24.

Николиќ со десет постигнати гола беше најпрецизна во победата која ни обезбеди виза за Холандија.

– Целиот овој период бевме под тензија. По триумфот на Литванија, тој притисок се зголеми, што се осети во нашата игра.Но јас верував во себе и во мојата екипа, и пресреќен сум на овој голем успех – рече селекторот Стрезовски.

Ждрепката за групите за Холадија ќе биде на 6 јуни.

М.П.