
– Како човек кој теоретски го истражува туризмот, сметам дека цените се дефинитивно превисоки, а со тоа и неконкурентни доколку се има предвид производот што Македонија го нуди во целина како туристичка дестинација, вели Јован Стојаноски, продекан на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Тој смета дека независно што цените се во доменот на индивидуална деловна политика на туристичката компанија, сепак оние фактори што се занимаваат со туризмот и го регулираат како стопанска дејност, мора да најдат начини индиректно да влијаат за намалување на цените.

Поради светската економска криза соседна Грција веќе ги намали цените за 30 %, што според тамошните експерти ќе ги ублажи последиците од економската криза. Кај нас реалниот сектор сеуште не размислува за намалување на цените, доколку државата не го намали ДДВ за ноќевањата и цените на угостителските услови.
За влијанието на светската економска криза врз туризмот во Охрид расправаат стотина реномирани експерти, професори од областа на туризмот од 16 држави од Европа и САД, кои учествуваат на 10-та јубилејна научна конференција што на секои две години ја организирана Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.











