Во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата, Македонија е рангирана на 75-то место. Во споредба со минатата година, тоа значи придвижување на земјата едно место нанапред.

Позитивни оценки Македонија има добиено во однос на правната регулатива за туризмот, а забелешки има за заштитата на природното и културното наследство.

Извештајот опфаќа 140 земји, а е изработен врз основа на повеќе критериуми меѓу кои: политики и законодавство, животна средина и инфрструктура, безбедност, здравје и хигиена и национален третман на туризмот.

Најконкурентни туристички земји во светот трета година по ред се Швајцарија и Германија, а следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.

OhridNews