ракометниот, кошаркарскиот, одбојкарскиот и фудбалскиот турнир на
Медитеранските игри.
Машката ракометна репрезентација ќе се натпреварува во Ц групата заедно
со Хрватска, Турција и Италија. Во А групата се репрезентациите на
Франција, Словенија и Египет, а во Б групата партиципираат
репрезентациите на Србија, Тунис, Алжир и Грција.
Македонската женска ракометна репрезентација се наоѓа во Б групата заедно со репрезентациите на Црна Гора, Хрватска и Италија.
Во А групата се репрезентациите на Шпанија, Србија и Тунис, а во Ц
групата се репрезентациите на Франција, Турција, Словенија и Алжир.
Машката кошаркарска репрезентација е сместена во А групата каде уште се и
селекциите на Турција, Египет и Алжир. Во групата “Б“ се
репрезентациите на Србија, Тунис и Италија.
Македонската одбојкарска репрезентација (мажи) е во Б групата со
репрезентациите на Италија, Алжир и Тунис. Во А групата се
репрезентациите на Египет, Франција и Турција.
Фудбалската репрезентација се наоѓа во Б групата заедно со
репрезентациите на Италија, Либија и Тунис. Во А групата се
репрезентациите на Турција, Мароко, Босна и херцеговина и Албанија.