Младата македонска ракометна репрезентација ги доби своите противници за Мундијалот кој во јули месец ќе се одржи во Алжир.


Токму организираторот на Мундијалот е еден од ривалите на Македонија во Ц групата. Покрај селекцијата на Алжир во нашата група се наоѓаат европските репрезентации Шпанија и Русија, Тунис Бразил и Буркина Фасо.

Во следната, односно во осминафиналната фаза одат четирите најдобри на табелата во групата. Според имињата во групата Македонија има огромни шанси да ја мине групата и да го очекува ривалот во 1/8 финалето.

Групите:

Група А: Германија, Норвешка, Ф. Острови, Унгарија, Кореја, Чиле.

Група Б: Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија, Шведска.

Група Ц: Шпанија, Тунис, Македонија, Бразил, Буркина Фасо, Русија.

Група Д: Исланд, Хрвтска, Алжир, Саудиска Арабија, Арентина, Мароко.

OhridNews