Македонија ги дознава своите противнинци за Литванија
16.01.10 00:05
Денеска на пладне, во седиштето на ФИБА Европа во Фрајзинг, Германија, македонската кошаркарска селекција ќе ги дознае противниците во квалификациите за 37. Европско првенство во Литванија, во 2011 година.
Пред денешната ждрепка на ФИБА Европа, Македонија е во првиот шешир со Полска и Летонија, а во другите четири се наоѓаат – втор: Израел, В. Британија, Бугарија: трет: Белгија, Финска, БиХ; четврти: Италија, Португалија, Унгарија; петти: Украина, Црна Гора и Грузија.
Натпреварите во квалификациските групи ќе се одржат во периодот од 2-29 август годинава, а дополнителните квалификации за едното празно место од 3-28 август 2011 година.
Според утврдената шема вкупно 15 репрезентации ќе бидат поделени во три групи од по пет селекции. Трите првопласирани репрезентации и двете најдобро второпласирани ќе обезбедат директно учество на ЕП 2011 година.
Место на ЕП 2011 имаат обезбедено : Србија, Франција, Шпанија, Грција, Хрватска, Германија, Русија, Словенија, Турција и Литванија.
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги започнаа подготовките за новата сезона Од клубот велат влегуваат во новата сезона со јасна цел – ПРВА ЛИГА! Со стартот на подготовките за сезоната 2025/26...
Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга денес организира ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро Годинава, велат организаторите, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози ...
Во водите на Охридското Езеро во август ќе се одржи Третата меѓународна веслачка регата, која што ќе обедини веслачи од целиот Балкан, во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо” Веслачкиот кл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.