
Овие два датуми се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.
Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености ширум земјата.
По повод Денот на Републиката, денеска во Охрид, делегација на Општината ќе положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и борците во градскиот парк. Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ ќе одржи проф. Григор Ангеличин- Жура.
Претставници од општина Охрид во во село Плаќе ќе положат цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија, а по повод празникот ќе се одржи и историски час.
Дел од свеченостите во Крушево се и охридските „комити“ кои и оваа година го изведоа традиционалниот Илинденски марш од Охрид.
OhridNews











