Македонската одбојкарска репрезентација во интересен и возбудлив натпревар ја совлада Холандија со 3-2 во сетови и останаа во игра за бараж натпревар за Европското првенство кое се игра во Хрватска.
Со оглед на тоа што главно изненадување на турнирот се покажаа португалеците, тие на вториот турнир кој ќе се игра во Ротертдам патуваат со 9 поени.
Нашите одбојкари со победите над Шведска и Холандија имаат 6 поени, и ќе имаат особено тешка задача во Ротердам да ја совладаат Холандија, или да загубат со подобра сет разлика за да се пласираат на втората позиција.










