Утрово во 7 часот отворени се избирачките места во шесте изборни единици во земјава и една во странство, на кои се гласа за избир на пратеници во Собранието на Република Македонија.
На деветтите парламентарни избори, четврти вонредни, право на глас според заклучениот единствент Избирачки список имаат 1.784.416 полнолетни граѓани, од кои во Македонија ќе гласаат 1.531.368 лица. Тие ќе избираат помеѓу 6 партии и 5 коалиции со 58 листи и 1092 кандидати.
Во 5-та Изборна единица во која спаѓа Охррид право на глас имаат 290.433 гласачи.
Изборите ќе се спроведуваат на 3480 избирачки места. Гласањето трае до 19 часот, а првите неофицијални резултати ќе бидат познати вечерва.
OhridNews