Најкомплетниот играч во светот во моментов Филип Јиха е дел од селекцијата на Чешка, вели капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, кој во изјава за А1 телевизија потенцираше дека ги добивме противниците кои ги посакувавме.


Лазаров со свое гледиште на групата Б која ќе се игра во Ниш, каде покрај Македонија ќе бидат уште Германија, Шведска и Чешка.

„ Треба да бидеме реални и искрени, Германија е фаворит не само поради квалитетот на лигата која ја имаат туку и самиот факт што успеаја преку ноќ од вториот да се префрлат во првиот шешир и така имаат поголеми шанси за добар пласман и за влез во квалификациите за Олимписките игри. Шведска како репрезентација исто така беше посакувана, но ако се присетиме дека на последното Светско првенство, каде што беа домаќини играа полуфинале, се бореа за медал. Репрезентација која е во голем подем, со млади играчи, така да ни малку не е наивен противник. Нашата најпосакувана репрезентација е репрезентацијата на Чешка, која е состав по мерка со кој може да се игра,“, рече Кире Лазаров.


Македонија во првиот натпревар на 15 јануари ќе игра против Шведска, два дена подоцна ќе игра со Германија, додека на 19 јануари ќе се судриме со Чешка.

Првите
три селекции од секоја од четирите групи обезбедуваат пласман во
втората фаза. Ако Македонија успее да ја помине првата фаза, тогаш
натпреварите ќе ги продолжи во Белград.

Ohridnews