Република Македонија денес го одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

На 23 октомври во  1893 година   во Солун  била  формирана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – ВМРО, а овој датум од неодамна се одбележува  меѓу другото и како ден на македонската револуционерна борба.

По повод празникот во Собранието на Р. Македонија  денеска ќе биде врачена наградата „23-ти Октомври“. Добитници на наградата за 2011 година се проф. Д-р Томе Неновски,  во областа на науката и образованието, додека во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на писателот Паскал Гилевски и Коле Манев, ликовен уметник.

OhridNews