На 23 октомври, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираат Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезлегува Внатрешно Македонската Револуционерна Организација.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење, кое преку Илинденското Востание и Крушевската Република, односно преку НОВ, резултирало со создавање на современа македонска држава.
Инаку, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свеченост по повод празникот.
OhridNews