Македонската кошаркарска репрезентација ја победи репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 70-56 и го задржа победничкиот курс кој не води на ЕП 2011 година во Литванија.


До третата победа во четвртиот квалификациски меч, црвено – жолтите стигнаа во натпревар полн со осилации. По феноменалниот прв дел во кој имавме плус 24 , следуваше вртоглав пад по кој гостите дојдоа на минус три на стартот на послениот период.

Присебноста не ја загубивме во последниот квартал кога се разиграа Соколов и Самарџиски, не доведвајќи ја во прашање сигурната победа.

 – Секогаш натпреварите за Македонија ги играм со срце, за мене не е важно дали ќе одиграм две или дваесет минути – рече Самарџиски.

Најефикасен во нашиот тим беше Мекелб со 19 поени, 15 уфрли Самарџиски , додека Гечевски застана на 13.

Наредниот натпревар нашата репрезентација ќе го игра на домашен терен против Украина.

Ohridnews