Министрите за внатрешни работи на Македонија и Албанија, Оливер Спасовски и Фатмир Џафај , денеска во Охрид потпишаа Меморандум за зајакнување на борбата против тероризмот. Двајцата министри ја истакнаа важноста од добрата меѓудржавна соработка на полето на безбедноста во интерес на сигурноста и просперитетот на народите на Македонија и Албанија. На средбата во вилата на МВР „Охрид“ тие разговарале и за соработката на други полиња од областа на безбедноста.

 

OhridNews