Протокол за формирање
македонско-косовски Контакт-центар за полициска соработка, потпишаа
денеска во Охрид  Министрите за внатрешни работи на Македонија и на
Косово Гордана Јанкуловска и Бајрам Реџепи.

Министерката Јанкуловска истакна дека потпишувањето на договорот ќе
придонесе за унапредување на добрата соработката на полициите преку
размена информации од безбедносен карактер.

-Со потпишувањето на овој договор потврдуваме дека соработката меѓу
двете земји и понатаму се одржува на исклучително високо ниво. Дека тоа е
така потврдува и тоа што само за неколку месеци , практично од
презмењето на последниот сектор од страна на косовската полиција од
КФОР, успеавме да ги комплетираме речиси сите процедури за спроведување
заеднички патроли долж границата кои се веќе реалност, рече Јанкуловска.


Одговарајќи на новинарско прашање дали Македнија и Косово ќе потпишат
договор за поминување на границата само со лична карта, каков што се
очекува денеска во Охрид да биде парафиран со Република Србија,
министерката Јанкуловска рече дека заедничка заложба и идеја на сите
држави од регионот да се овозможи што е можно послободно движење на
граѓаните, но истовремено мора да се обезбеди сигурност на границите.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи најави дека
преминување на границата само со лична карта со соседите ќе биде
овозможено откако земјата ќе го заврши процесот на издавање биометриски
документи.

– Овој месец почнуваме со издавање биометриски патни исправи, а од
идната година ќе старува издавањето биометриски лични карти, со што ќе
се создадт услови да биде постигнат договор околу поминаувањето на
границата со лична карта, рече министерот Бајрами.


 
Јанкуловска и Реџепи  во Охрид учествуваат во работата на Министерскиот
форум на министрите за правда и за внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан,
што започна денеска.
OhridNews