Македонија и Охрид се најдоа меѓу 40- те топ дестинации кои познатиот англиски весник „Гардиан“ ги препорачува да се посетат во текот на 2014.
Познатиот весник за Македонија пишува дека е земја позната по производството на вино, романтичните села и цркви, сместена во близина на Грција и Италија. Како вистински предизвик за посетителите, „Гардиан“ наведува дека е Охридското езеро и градот Охрид кој се наоѓа на брегот на езерото, вистинско место каде може да се побегне и сонува.
Според листата на „Гардиан“ Македонија е на 14- то место на дестинации кои треба да се посетат, покрај атрактивниот Кејп таун во Јужна Африка, Аустин во Америка, Канада, Франција Иран, места за кои весникот наведува дека дел се веќе познати за туристите, но дел од нив само што почнуваат да ги привлекуваат гостите.
OhridNews