Македонија и „Телеком арената“ изненадно можат да добијат домаќинство на Европското првенство 2020 година кое ќе се одржи во 13 различни земји.


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) не е задоволна од ситуацијата во Брисел, односно од изградбата на новиот стадион која доцни со месеци.

Ребрендираната „Телеком“ арена која годинава ќе ги пречека најдобрите клубови од Европа е една од опции за смена на стадионот во Брисел.


Меѓу конкурентите на скопската арена се „Васил Левски“ во Софија, „Фредс Арена“ во Стокхолм, „Теди Колек“ во Ерусалим и „Трактор“ во Минск.

OhridNews