Поранешниот македонски кошаркарски селектор Јорданчо Давитков, деновиве ги следи настапите на женската репрезентација за играчи до 20 години, во Охрид на Европското првенство – Б дивизија. Гостувањето во Охрид, на Давитков го искористивме да ги слушнеме неговите стручни видувања за шансите на најдобриот машки македонски тим, кој на крајот од летово повторно ќе игра на завршницата од ЕП, во Литванија.
– Иако сум далеку од Македонија, ги следам случувањата околу репрезентацијата како секој кошаркарски работник. Имаме одлична генерација, која во една интересна група има реални шанси да се надеваме дека може да постигне добри резултати. Се надевам дека репрезентативците ќе ја искористат оваа прилика. Пласманот во вториот круг од минатото првенство може реално да биде подобрен. Очекувам интересно и доста изедначено првенство – вели Давитков, кој потенцираше дека факторот среќа, надополнет со добри подготовки може да ни донесе позитивни вести од Литванија.
Македонија на ЕП во Полска заврши на делба на 9. место со домаќинот. Сега во Литванија ќе игра во група со Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција и еден квалификант кој дополнително ќе биде позната пред стартот на завршницата.Предводниците на македонската селекција Тодор Гечевски, Перо Антиќ, надополнети со извонредниот Лестер Бо Мекејлеб, како и тимот кој зад себе има искуство од едно големо натпреварување, ја прават оваа репрезентација за почит. Македонија според стручњакот кој во Кувајт направи бум може да се вмеша во борбата за висок пласман.
Давитков веќе трета сезона успешно се снаоѓа во Кувајт и не планира да ја менува кошаркарската дестинација. – Освоив три титули во шампионатот со Ал Кадасија, титула на „Голд залив купот“, како и Куп на Кувајт. Задоволен од тоа што го направив на спортски план таму. Уште позадоволен сум што моето името Јорданчо Давитков, или „Џорданко“ како што ме викаат стана бренд на тие простори. По напуштањето на екипата, имам понуди буквално од сите екипи, од Катар, Емирати, Либан, така што во наредните денови ќе одлучам која екипа ќе ја преземам, но во секој случај останувам да се докажувам на тие простори– истакна Давитков.
Македонските кошаркари немаат отворени врати за играње на овие простори. Дополнителен проблем за нашите „гастарбајтери“ е и правилото кое вели дека екипите може да имаат само по еден странец на паркетот. –Многу е тешко да повлечам некој од македонските кошаркари во Кувајт. Според нивното правило има право да игра само еден странец на паркетот и евентуално уште еден на клупата. Реално во македонската лига не би можел да видам таков играч кој ќе биде екстра засилување. Таму играчите се платени од 15 до 30 илјади долари месечно. За тие пари евентуално би можеле да дојдат играчи од репрезентацијата. И таму гледам еден до двајца со таков потенцијал. Со задоволство би им помогнал на нашите кошаркари. Тоа би го направил веднаш, доколку би ми гарантирале дека со нивните игри ќе ги повторам успесите што ги постигнавме. Она што се обидувам во моментот е да повлечам некој од нашите помлади тренери кои би можеле да работат со млади категори или со некој клуб – вели Давитков.
По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вард...
Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпре...
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.