По првите триесет минути резултатот е изедначен 10-10 на мечот од третата рунда помеѓу Македонија – Исланд. “Црвено жолтите“ по воведниот грч успеаја да ја анулираат предноста од четири погодици на “рибарите“ и на полувремето да заминат со егал 10-10.


Најпрецизен во македонскиот состав е пивотменот Стоилов со четири погодоци додека најголема заслуга за “камбекот“ има “министерот за одбрана“ Борко Ристовски со девет успешни интервенции.

Мх.П.