Македонија денеска го избира својот четврти претседател, а Охрид својот градоначалник.

Избори за градоначалник ќе има и во соседните општини Струга и Вевчани, односно втор круг избори ќе се одржат во вкупно 43 општини и во градот Скопје.

Право на глас за претседателските избори имаат 1 792 082 гласачи запишани во избирачкиот список. Во Охрид право на глас имаат 53 893 граѓани, кои своето уставно загарантирано право ќе го остварат на 73 избирачки места кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Тие ќе избираат помеѓу еден од двајцата кандидати за претседател на државата, односно за градоначалник на општината.

Повторување на гласањето од првиот круг претседателски избори нема. Избирачите ќе гласаат за двајцата кандидати што добија најмногу гласови во првиот круг, одржан на 22 март.

Ohridnews