Република Македонија за првпат во својата историја е избрана за членка на Извршниот одбор на УНЕСКО. На 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО што се одржува во Париз, Република Македонијаја доби поддршка од 142 делегатии и во наредните 4 години ќе биде членка на најзначајниот орган на оваа важна Организација во системот на Обединетите нации. На историската конференција во Париз, македонски претставник беше експертот за животна средина од Охрид, Дејан Пановски. Тој посочи дека влегувањето на земјата во Извршниот одбор на УНЕСКО е од големо значење, дотолку повеќе што во првите две години од мандатот Македонија ќе учествува во во креирањето на буџетот и политиките на организацијата.
Успехот, додава Пановски, се должи на дипломатските активности на Амбасадата на РМ во Париз и на делувањето на Националната Комисија на УНЕСКО во Македонија.












