Очекувано, Дејвис куп репрезентацијата на Македонија, со две победи ги заврши натпреварите во А групата во Третата европска зона.


За разлика од максималниот триумф во првото коло против Сан Марино, денеска на терените на тенискиот центар Југ, Македонија со 2:1 ја победи Андора. Димитар Грабуловски, во првиот меч со 2:0 го победи Желабер, Томислав Јотовски со 0:2 загуби од  По Готје, за решавачкиот поен на Македонија да и го донесе дублот Русевски – Магдинчев.

Утре, Македонија во полуфиналниот дуел против Турција и ќе се обиде да избори пласман во финалето.

“Извор Макфакс“
Ohridnews