Македонската кошаркарска репрезентација ја оправда фаворитската улога и со 71-55 ја победи репрезентацијата на Украина во шестото коло од квалификациите за ЕП 2011 година

По оваа победа избраниците на Марин Докузовски го продoлжија притисокот на британците, а по овај пораз драстично се намалија шансите на украинците за пат во за нив “братската“ Литванија.


“Црвено – жолтите“ доминираа во сите фази од мечот, споро ја градевме предноста која како одминуваше времето така пропорционално се зголемуваше. На полувремето имавме плус шест 35-29, по три периоди 53-41, за да на крајот стигнеме до  плус 16, 71-55.

Најпрецизен во нашиот тим беше Бо Меккејлб кој постигна 18 поени, капитенот Антиќ уфрли 16, додека со двоцифрен број на поени 13 мечот го заврши Гечевски.

– Голема благодарност до публиката која дојде да не бодри. Кажав и минатите натпревари нема да победиме без публиката  која не мотивира да играме што подобро. Нашата цел остнува иста, атакуваме на првото место, одиме меч по меч. Утре патувме за Унгарија каде се надевам дека ќе извојуваме уште една значајна победа – рече капитенот Антиќ.

Во останатиот натпревар во нашата Б група, В. Британија со 66-64 ја победи Унгарија.

М.П.