Македонската фудбалска репрезентација напредуваше 18 позиции на најновата рејтинг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 85-то место, најдобро последниве години.

Раситнувањето на стотката се должи на успешниот финиш во квалификациите за Мундијалот во Русија. Во претпоследниот меч Македонија ремизираше со Италија во Торино, додека во последниот со 4-0 ја совлада селекцијата на Лихтештајн.

Македонија забележа скок и во европските рамки и моментално е пред селекциите на Кипар, Ерменија, Белорусија, Луксембург, Фарските Острови, Грузија, Азербејџан, Латвија, Казахстан, Андора, Литванија…

Најновата рејтинг листа донесе и неколку промени. Од најдобрите десет отпадна Швајцарија, се врати Шпанија, а помеѓу нив за прв пат се се најде Перу. Најдобро рангинара репрезентација е Германија, потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција. 

OhridNews