Македонската ватерполо репрезентација како гостин ја победи Белорусија со 9-6 и широко ги отвори вратите кон пласман на континеталниот собир во Ајндховен, Холандија.

– Остваривме многу важна победа. Со овај триумф на чекор сме до второто место во групата, кое носи пласман во баражот – изјави селекторот Поповски.
 
Во водство во нашата група Ц е селекцијата на Шпанија, која беше подобра и од нас и од Белорусите и речиси сигурно ќе обезбеди пласман во баражот за ЕП. 

Реванш-натпреварот против Белорусија се игра во Скопје на 11 април.

Ohridnews