Актуелниот првак Вардар ПРО за одбрана на титулата ќе мора да го совлада Металург. Од таборот на “металурзите“ најавуваат дека нема да ги повторат грешките од минатата сезона кога загубија од Вардар во финалето.
– Не очекува противник што го добро познаваме затоа ништо не може да не изненади. Фаворити нема бидејќи сезонава сме нерешени во меѓусебните пресметки, минатата сезона загубивме во финалето, но оваа сезона силно го посакуваме овој трофеј – рече капитенот на Металург, Ванчо Димовски.
Противникот на Металург или Вардар во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Брест Мешков – Загреб.
Поради името и историјата Загреб е благ фаворит, но Брест Мешков сезонава во СЕХА лигата ја заврши на првата позиција.