Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука да се испрати парична помош во износ од 100.000 евра за настраданите и санирање на големите штети предизвикани од тешкиот земјотрес во Република Турција.

Владата го задолжи министерот без ресор, Хади Незир, да ги продолжи контактите со Амбасадата на Република Турција во Република Македонија со цел да се види потребата од турска страна за дополнителен вид на техничка помош што Република Македонија би можела да ја испрати во турската провинција Ван каде што се случи катастрофалниот земјотрес, се наведува во соопштението.

Со оваа одлука Република Македонија уште еднаш ја покажува својата солидарност со земјите кои се соочуваат со тешки природни катастрофи, стои во соопштението на Владата.

OhridNews