Ракометните репрезентации на Македонија и на Египет вечерва со почеток од 18 часот ќе го одиграат првиот од двата предвидени пријателски натпревари. Селекцијата на Египет во Скопје веќе одигра два натпревара со екипата на Вардар Про и оствари едно реми и еден пораз.


Египет е учесник на Светското првенство што следниот месец ќе се одржи во Шведска. Покрај денешниот натпревар во салата „Кале“ во Скопје, Македонија и Египет ќе одиграат  уште еден натпревар утре (18:30) во Куманово.

Ohridnews