Кошаркарската репрезентација на Македонија в лето треба да учествува на новоформираниот турнир под името Куп на народите на кој ќе учествуваат сите земји од поранешна Југославија.


Медиуми од соседството пренесуваат дека учеството го потврдиле Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, БиХ и Црна Гора.

Сите шест репрезентации учествуваат на Европското првенство во Литванија 2011, а овој турнир ќе им послужи како подготвителен непосредно пред самиот евробаскет.

Турнирот ќе се организира во Љубљана во салата “Стожице” од 4 до 8 август, а шесте селекции прво ќе бидат поделени во две групи.

Ohridnews