Македонската ракометна репрезентација, утре (среда) со почеток во 17 часот и 30 минути во Клуж во Романија ќе го одигра вториот меч од баражот за пласман на Светското првенство.
„Црвено жолтите“ во Романија патуваат со осум голови позитива, обезбедена после победата 32-24 во спортската сала „Борис Трајкоски“ во неделата.
Високата предност не ги залажува македонските ракометари кои ќе треба рутински да ја спроведат задачата и да ги чекираат билети за ново учество на големите ракометни собири.
Македонската ракометна репрезентација до сега има настапено на пет мундијали, а најголемиот успех го забележа во Катар завршувајќи на петтата позиција.
OhridNews