Македонскиот футсал викендов и гостува на Словенија каде ќе одигра два контролни натпревари. Првиот се игра на 26.12.2009 (Словен Градец) и на 28.12.2009 (Горисница). Селекцијата на Словенија е 12-тата репрезентација од декемвриската УЕФА ранкинг листа и 18-та од последната ФИФА листа,а ќе биде дел од ЕП во футсал кое ке се одржи наредниот месец во Унгарија. Во тимот на Словенија игра еден од најдобрите европски футсал играчи, капитенот Бенјамин.
– Ние сме во фаза на создавање нов тим, и како и против Србија, и овој пат ќе има неколку дебитанти (Спасовски, Ивановски, Јолевски). Иако Словенија важи за огромен фаворит, сепак мислам дека ќе се претставиме во добро издание, и дебитантите ќе ја оправдаат довербата, а вториот натпревар против Србија одигран во Велес ни дава надеж за тоа. Бидејки сме во фаза на формирање нова репрезентација, како и против Србија, и овој пат шанса ке добијат сите повикани репрезентативци. Резултатите од овие контролни натпревари не се од примарно значење, туку целта е да се извлечат што е можно повеке нови играчи кои ке го понесат товарот на следните Квалификации. – рече селекторот Васко Скендеровски.
За Македонија хендикеп ќе претставува неиграњето на Насковски Жарко, најдобриот футсал играч за 2009 година, како и отсуството на Христов Ѓорѓи.
Над 80 млади шахисти од земјава и странство ќе учествуваат на третото издание на пролетниот турнир на младинскиот шаховски фестивал „Езерска кралица 2025“, што вo недела ќе се одржи во Струга Натпр...
„Сите за Кочани – трчаме заедно“ е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава со кои Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќ...
Спортска опрема на ученици Наум Стојаноски од IV година и Христијан Стојаноски од II година во РЦСОО „Ванчо Питошески”- Охрид, спортисти, членови на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски”...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.