Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години, од денес во Сараево, Бих ќе учествува на предквалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, во 2011 година.


Турнирот, избраниците на Драган Бочески ќе го отворат денес против Чешка на стадионот Грбавица  од  15 часот.  На останатиот натпревар во групата ќе играат Бих – Белорусија.




Пласман во втората рунда квалификации ќе изборат двете најдобро пласирани репрезентации. ЕП се игра наредната година во Романија.

М.П.