Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 17 години, од денес во Луксембург ќе учествува на предквалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, во 2011 година.


Турнирот, талентираните македонски фудбалери ќе го отворат денес против Шкотска, натпреварот започнува во 17 часот. Два часа подоцна во групата ќе се одигра и натпреварот Швајцарија-Луксембург.

Пласман во втората рунда квалификации ќе изборат двете најдобро пласирани репрезентации. ЕП се игра наредната година од 3 до 15 мај во Србија.

OhridNews