Македонската ракометна репрезентација целосно потфрли на првиот дуел од двомечот со Светскиот првак Шпанија во квалификациите за Европското првенство во Данска. Во 4-та рунда Македонија лошиот в печаток од Скопје ќе го поправа во Гвадалхара, а таму селекторот Ивица Обрван неможе да смета на Миркуловски, Недановски, а неизвесен е настапот на капитенот Кирил Лазаров.

Поради слабиот настап на Борко Ристовски не мечот со Шпанија, тој е изоставен од составот и на негово место повикан е Никола Митревски, а за повредените Миркуловски и Недановски во селекцијата се најдоа Ангеловски и Никола Марковски.

–  Неиграњето на повредените Миркуловски и Недановски претставува голем малер за нашата репрезентација за возвратниот дуел против фаворизираната Шпанија. Но ние нема да одиме во Гвадалахара со бело знаме, иако знаеме дека играме против актуелниот светски првак. Практично и нема што да изгубиме, а може само да добиеме. Сега е најзначајно да ја подобриме играта, како во одбраната така и во нападот, од онаа што беше видена во средата во Скопје. Македонија знае да одигра многу подобро, а тоа го докажала и против многу силни репрезентации. Овој натпревар може многу да ни помогне за што подобро уигрување пред најзначајните натпревари што нѐ очекуваат, а тоа се јунските дуели со селекциите на Швајцарија и на Португалија и остварувањето на зацртаниот план. Познато е дека голманот е речиси 50 отсто од екипата, нормално ако притоа добро брани. И во овој меч многу работи ќе зависат од голманите. Тоа што го играме натпреварот толку рано, секако дека е невообичаено, но ние ќе мораме да се приспособиме на тој временски термин, како и Шпанците – рече за “Нова Македонија“, повратникот во селекцијата Петар Ангелов.

Во корист на Македонија во третата рунда одиграа Швајцарија и Португалија откако нивниот дуел заврши без победник 26-26.

Мх.П.