Аматерската репрезентација на Македонија со неверојатни 8-0 го победи финскиот регион Турку и го освои првото место во групата на регионалниот куп што се играше во Струмица и Турново.

Најпрецизен во победата беше Дунимаглоски кој постигна хет трик, по еден погодок постигнаа Вареловски, Трајчев, Гунев, Димитроски и Атанасов. Фудбалерите на Охрид `04, Карамачоски и Бакулески го одиграа целиот меч.

Во моменти на резултатска криза на сите наши фудбалски репрезентации, победите на аматерите може да бидат каква таква утеха.  Жално е што по се изгледа единствено не бива само за аматеризам.

М.П.