Фудбалската репрезентацијата на Македонија забележа скок од едно место нагоре на новата ранг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 70 место.

И покрај скокот Македонија е најслабата балканска селекција откако Албанија и покрај поразот од Белорусија направи скок за две места и сега е на 65 место додека Црна Гора направи скок дури за 14 места.

На првото место на оваа ранг листа и понатаму останува Шпанија пред Холандија. Бразил се искачи на 3. место потиснувајќи ја Германија на 4 место каде потоа следуваат Аргентина и Англија.

OhridNews