
Според извештајот, Македонија назадувала во категориите национално демократско владеење, изборен процес, независност на медиумите, локално демократско владеење, владеење на правото и независност на судството, борба со корупцијата, додека напредок има во делот на граѓанското општество.
Власта во земјата е оценета како хибриден режим.
Вкупната оценка за демократскиот развој на Македонија, според извештајот на Фридом хаус, е 4.29, а лани беше 4.07. (оценките се од 1 до 7, при што 1 претставува највисоко ниво на демократски развој, а 7 најниско).
Од земјите од соседството, подобри од Македонија се Албанија (4.14), Црна Гора (3.93), Србија (3.75), Хрватска (3.68), Бугарија (3.25), додека полоши се само БиХ(4.50) и Косово(5.07).
OhridNews
Извор:„Макфакс“











