Македонија нема против доколку релевантните меѓународните фактори го помогнат решавањето на грчко – македонскиот спор за името, изјави денеска во Охрид министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски при посетата на Факултетот за туризам и угостителство. Тој како позитивен го оцени ставот што генералниот секретар на ОН го изнел на средбата со претседателот Иванов на средбата во Женева.

-Го цениме зголеменото внимание на генералниот декретар Бан Ки-мун во однос на грчко-макеоднскиот политички дијалог. Република Македонија се залага овој спор, прилично ирационален, да се надмине што поскоро  без приотоа да се наштети на националните интереси на македонскиот идентитет и културна засебност, а истовремено би сакале, не би имале ништо против, доколку повисоки меѓународни авторитети како генералниот секретар Бан Ки-мун во рамките на ОН дадат поголем придонес и поголем поттик на двете страни, на Македонија и на Грција, за надминување на ова прашање. -рече Милошоски.

На средбата со студентите од ФТУ Охрид Милошоски говореше за позициите на Македонија во надворешната политика, за евроинтегративните процеси и за грчко-македонскиот спор за името. Притоа тој посочи дека Република Македонија успеа да освои позитивна препорака од Европската комисија и да ги реализира реформите за визна либерализација, која е трајна придобивка и денес македонскиот пасош е дел од слободниот безвизен режим во Европа и оти тоа и така ќе остане.

OhridNews