Плодот за успешниот настап на Македонија во фазата по групи на Европското првенство во Хрватска дојде веднаш. „Црвено жолтите“ сигурно ќе завршат во ТОП 10 на континенталниот собир и ќе ја добијат улогата носител во ждрепката за пласман на Мундијалот 2019 година во Германија и Данска.
Позицијата на носител во ждрепката на Македонија и гарантира полесен противник, бидејќи сите добри селекции од стариот континент се дел од втората фаза на ЕП и нема да можат да се сретнат со нашата земја.
Ждрепката за бараж двојките ќе се одржи во сабота во Загреб пред завршните натпревари од ЕП. Директен пласман на ракометниот Мундијал обезбедуваат домаќините Германија и Данска и актуелниот шампион, Франција. Најголемиот дострел на Македонија на СП е 9-то место на кое завршивме во Катар 2015 година.
OhridNews